Поради долг кон фирмата, доцни новогодишното украсување во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Поради неисплатен долг кон фирмата задолжена за новогодишното украсување на градот, засега е поставена само елката на градскиот плоштад, додека светилки се очекува да бидат поставени до крајот на неделава, изјави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

– Општина Куманово ги нема исплатено своите обврски кон фирмата која има добиено на тендер за осветлување на градот веќе две години по ред. Беше фирмата која го има добиено тендерот на разговор и вети дека ќе влезе повторно во украсување на градот и веќе до крајот на неделата очекуваме дека Куманово ќе добие новогодишен предзнак. Долгот ќе го сервисираме согласно нашите финансиски можнсти, општината работи под задолжителна резерва, изјави Димитриевски.

Loading...

Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“ задолжено за украсувањето на градот и годинава од својот Буџет издвои срества во висина од 1.722.000 денари.