ПОПУСТО ГЛАСАВТЕ: Странците избраа Андреа да нѐ претставува на Евровизија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Андреа Коевска со композицијата „Circles“ ќе ја претставува Македонија на годинешното издание на Евровизија.

Loading...

Автор на музиката и аранжманот на „CIRCLES” е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа Коевска.

Но, Андреа не беше изборот на публиката, туку на претставниците на странски жири комисии.

Македонската радио телевизија во текот на изминатите години сама бираше претставник, но по бројните критики одлучи да го врати натпреварувачкиот карактер кој ја вклучува публиката која можеше да гласа онлајн.

И така и беше. Публиката гласаше онлајн и најмногу гласови доби Виктор Апостоловски, но бидејќи гласаа и членови на интернационални жири комисии составени од шефови на делегации на повеќе земји учеснички на Евросонг тие повеќе гласови дадоа на Андреа. На кратој Виктор и Андреа имаа ист број на гласови, но како што соопшти МРТ гласовите на жири комисиите вределе повеќе па годинава на Евросонг ќе оди Андреа.

Во националниот избор за песна за „Евросонг 2022“ учествуваа и Калина Велковска – Кaly со „LOVE AND LIGHT“, Јон Ајдини – Yon Idy, со „DREAMS”, Лара Иванова со „FLOWER OF SORROW, Виктор Апостоловски со „SUPERMAN“ и Борис Цветановски – Ris Flower, со „FLYING TO BERLIN”.

Изборот за песна на Евровизија годинава ќе се одржи во Торино, Италија. Македонија ќе настапи во второто полуфинале на 12ти мај, а финалето е закажно за два дена подоцна.

Во продолжение слушнете ја песната на Андреа:

Loading...

 

Никола Ивановски