Поплавите во Пакистан однесоа над 580 животи

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 580 луѓе загинаа, а илјадници останаа без покрив над главата ширум Пакистан поради обилните дождови што ја зафатија земјата.

Loading...

Се проценува дека повеќе од еден милион луѓе биле погодени од обилни врнежи, поплави и лизгање на земјиштето, откако во Пакистан во текот на три недели има повеќе од 60 отсто повеќе од обичните монсунски дождови.

Најпогодени се провинциите Балучистан, Хајбер Пахтунхва и Синд, а синоптичарите велат дека обилните дождови ќе паѓаат низ целата земја до петок.

Над 40 луѓе загинаа во Карачи поради обилните врнежи од јули.

Околу 200 луѓе загинаа во Балучистан – најголемата и најсиромашната провинција во Пакистан – која е погодена од најголемите поплави во повеќе од 30 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Оваа провинција добила 305 отсто повеќе дожд од годишниот просек.