Поплави во Конго, десетици луѓе загинаа

Сподели со своите пријатели

Поплавите по обилните дождови убиле „околу сто луѓе“ во вторникот во Киншаса, објави во вечерните часови официјалната конгоанска телевизија RTNC, повикувајќи се на привремени податоци за бројот на жртвите.

Loading...

Претходниот извештај добиен од агенцијата Франс прес од полицијата во Киншаса, рече дека најмалку 55 се мртви.

Некои конгоански медиуми пишуваат за 120 до 140 загинати, но оваа информација не е официјално потврдена.

Министерот за внатрешни работи Даниел Асело по кризната седница на Владата од среда прогласи тридневна жалост на национално ниво, се вели во соопштението пренесено од кабинетот на премиерот.

Поплавите направија голема материјална штета и во текот на утрото зафатија важни сообраќајници во центарот на мегаполисот со 15 милиони жители.

Според надлежните, жртви има во различни делови на градот, особено во долините каде што се урнале куќи поради лизгање на земјиштето.

Меѓу жртвите има девет членови на едно семејство, меѓу кои и многу мали деца, кои ги загубија животите во уривањето на нивната куќа во општината Нгалиеми во Киншаса.

Новинарот на АФП ги видел нивните тела како лежат на земја откако биле извлечени од урнатините.

Loading...

Дождот што паѓаше цела ноќ го парализираше главниот град на ДРК и предизвика лизгање на земјиштето во предградијата, отсекувајќи го Националниот пат 1 што води кон запад.

„Куќите исчезнаа во одроните“, изјави премиерот Жан-Мишел Сама Луконде за новинарите на местото на настанот, наведувајќи ја бројката од „околу дваесет мртви“.

„Потрагата по жртвите закопани во урнатините продолжува“, рече тој.

Во ноември 2019 година, околу четириесет лица загинаа во Киншаса во поплави и лизгање на земјиштето по обилните врнежи.

„Ние сè уште не сме виделе овде толку големи поплави“, изјави за АФП Бланшард Мвубу, жител на Киншаса.

Малку понатаму, едно момче им нуди на минувачите да ги носат на грб до другата страна на улицата за неколку парички.

Истата сцена во центарот на градот, каде младата Дума ги носи своите сограѓани преку вода.