Поплави на 36 локации во Романија: Евакуирани туристи блокирани од водата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Обилните дождови во претходните 24 часа предизвикаа поплави на 36 локации во 15 романски области, па противпожарните и спасувачките служби се обидуваат да евакуираат десетици туристи кои се блокирани од вода, соопшти денеска Службата за итни ситуации (ИГСУ).

Loading...

Погодените области се Алба, Аргес, Ботосани, Брашов, Клуж, Карас-Северин-Ковасна, Дамбовита, Хунедоара, Неамт, Олт, Прахова, Сибиу, Тулчеа и Темис, објави Аџерпрес.

„Отстранивме вода од 19 куќи, 56 дворови и 70 подруми. Нашите колеги отстранија и 13 дрвја што паднаа на патиштата и оштетија три автомобили”, додаде ИГСУ.

Според истиот извор, 20 лица сместени во хостели во Аржеш биле блокирани поради поплавите.

„Во кампот Заноага во областа Дамбовита, поради поплавите во текот на ноќта, 25 лица беа блокирани во автомобили или приколки. Водата беше повлечена и на луѓето им беше дозволено да ги напуштат местата. Пожарникарите интервенираа и во Бустени, каде беа евакуирани осум лица” се додава.

 

Leave a Reply