Поплавени неколку села во Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Ниви, придружни објекти и викендички во неколку села во Општина Куманово и Старо Нагоричане биле поплавени од надојдените води на реките Пчиња и Крива Река, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

На телефонскиот број 195 граѓанин на сселото Довезенце прјавил дека нивото на Крива Рекаполека се зголемува и ако врнежите од дожд продолжат и во текот на ноќта можно е излевање на реката од речното корито со што би дошло и до поплавување на некои придружни објекти ( плевни , штали и др.)

Во селото Долно јачинце во текот на изминатата ноќ имало поплавување на шест викендички како и обработливо земјиште, со засега непозната површина, информираат од Полициската станица Куманово. Оштетен бил и патот во должина од 50 метри во делот кон селото Довезенце, каде водата полека се повлекува.

Исто така имало и излевање во населбата Средорек каде водата се повлекува од обработливите земјоделски површини во моментот.

Loading...

Во текот на нокта од страна на екипа од Полициската станица во Старо Нагоричане останале да дежураат и да ја следат состојбата во текот на ноќта.

Започнува да се намалува водостојот на Крива Репа, па засега нема информации дека реката предизвикала дополнителни штети во Општина Старо Нагоричане.

Излеана од своето корито била реката Пчиња и тоа кај Меморијалниот центар АСНОМ, каде имало поплавено земјоделско земјиште и дел од инфраструктурата. Иизлевање имало и кај бањата Стрновац каде било поплавено обработливо земјиште, а во селото Добрача кон селото Врачевце бил прекинат сообрааќајот откако патот бил оштетен од надојдените води.

Жител на селото Шупли Камен, покрај Сепарацијата по име Мирко Макрашански барал со една машина да се наприви насип покрај неговиот објект за заштита од надојдената вода од реката Пчиња.

фото: архива