Попладнево услови за невреме со електрични празнења, ветер и град

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 24, а максималната од 35 до 43 степени.

УВ индексот ќе биде висок со коефициент 9.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата ќе се движи од 19 степени во утринските часови до максимални 40 во текот на денот.

 

 

Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северозападен правец.

Потоа следува период на стабилно време. Во петок и сабота дневните температури ќе бидат за 4 до 5 степени пониски од утрешните, а од недела се очекува благ пораст на дневните температури.

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply