Попладне услови за дожд во северните делови од земјава

Сподели со своите пријатели

Сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 28 степени.

Утре ќе се задржи претежно сончево и топло време, попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

 

Loading...

 

Во недела ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.

Leave a Reply