Попладне услови за дожд, од утре затоплување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во крајните западни и крајните источни делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе се движат од 9 до 18, а максималните дневни од 25 до 33 степени целзиусови.

Од сабота ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

Image by RÜŞTÜ BOZKUŞ from Pixabay

Leave a Reply