Попладне се очекува ново невреме, УХМР предупредува за претпазливост околу водотеците

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден на некои места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, проследени со ветер и во вид на невреме, велат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

– Можна е појава на слевање и течење на вода во дел од градските урбани средини поради неможност за нејзино одведување преку атмосферската канализација, предупредуваат од УХМР.

Локално, како што се вели, е можно брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, покрај кои се посочува претпазливо движење.

Инаку, вчера силно невреме го зафати кумановскиот регион што пак нанесе штети на дел од земјоделските површини и предизвика излевање на вода по улиците во градот.

Никола Ивановски

Leave a Reply