ПОПИС: Сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми, велат од Државниот завод за статистика

Сподели со своите пријатели

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со нормален интензитет и темпо и го поттикнува населението со доверба да ги примат попишувачите во нивните домови и да ги дадат потребните податоци, а сè со цел успешна реализација на овој статистички процес.

Loading...

Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности.

При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок.

Зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој  им е постојано на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем.

Интегрално соопштение: Државен завод за статистика