Понеделник неработен ден за сите граѓани

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2016 година (недела), Денот на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври 2016 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.