Помпео: Ратификацијата во Сенатот чекор на Северна Македонија кон членството во НАТО

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави ратификувањето на протоколот за пристапувањето на Северна Македонија во НАТО во американскиот Сенат, велејќи дека тој претставува важен чекор за членство во НАТО и ја потенцира посветеноста на Вашингтон кон трансатлантската заедница.

Loading...

„Ние силно го поддржуваме континуираниот пат на Северна Македонија за поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Гласањето во Сенатот ја потврди континуираната посветеност на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото, што придонесува за мирот и стабилноста во регионот“, напишал Помпео во изјавата објавена на веб-страницата на Стејт департментот.

Министерот за надворешни работи на САД додаде дека САД со нетрпение очекуваат Северна Македонија да влезе во НАТО, која ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Во вторникот, американскиот Сенат гласаше со големо мнозинство за пристапување на Северна Македонија во НАТО, бидејќи 91 сенатор гласаше за ратификување на Протоколот за пристап, а само двајца против.

Северна Македонија со членките на НАТО во февруари потпиша Пристапен протокол, заснован на Договорот од Преспа од Македонија и Грција, со кој се реши долготрајниот спор меѓу двете соседни земји за името.

Северна Македонија се очекува да стане 30-та членка на НАТО во декември, на состанокот на лидерите на Алијансата во Лондон.

Leave a Reply