Помошни простории изгореа во населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Помошни простории изгореле во пожар кој вчера избувнал на улицата „206“ во насебата Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Огнот избувнал некаде околу 12:45 часот кога тројца пожарникари веднаш изглегле на терен и огнените јазици успеале да ги ликвидираат околу 14:40 часот.

Интервенција припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово, бележат и во селото Речица, каде во период од 19:40 до 21:25 часот било интервенирано на запалено стрниште.

Причинетата материјална штета и во двата пожари засега не е позната.

Leave a Reply