Поморските интернет кабли може да се користат за откривање земјотрес

Сподели со своите пријатели

Интернет-каблите инсталирани на дното на морето може да се користат за откривање земјотреси, цунами или следење на климатските промени.

Loading...

Се чини дека телекомуникациските кабли можат да имаат друга функција. Според Би-Би-Си, британската национална лабораторија за физика го забележала потенцијалот на овие кабли за откривање земјотреси, цунами, но и за следење на климатските промени со набљудување на однесувањето на подморските струи.

Група научници ја тестираа својата идеја користејќи кабли со оптички влакна што ги поврзуваат Велика Британија и Канада. Резултатите од ова истражување се објавени и покажуваат дека овие кабли се многу чувствителни поради нивната специфичност и дека можат да доловат и најмали промени. Сигналите помеѓу каблите може дополнително да се подобрат со поставување на повторувач што дополнително ќе го подигне нивото на доверливост и чувствителност.

Недостаток на оваа идеја засега се високите економски трошоци. Иако теоретски е корисно покривањето на морското дно со оптички кабли, такво нешто во моментов е економски неизводливо.