Помал е дури и од запалка, и има се што ви треба: Најмалиот мобилен телефон на светот ќе ве изненади (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Колку и да изгледаат смешно, Tiny T1 и T2 телефоните се целосно функционални уреди што можат да ги задоволат основните потреби на корисниците …

Loading...

Zanco Tiny T1 и T2 се најмалите мобилни телефони во светот, кои по димензии одговараат на големината на просечниот прст. Тие постојат веќе неколку години и не престануваат да ги изненадуваат познавачите на технологијата и обичните корисници.

T1 е минијатурен 2G уред, со димензии 4,7 X 2,1 X 1,2 сантиметри, кој доаѓа во пакет со USB кабел за полнење и SIM-картичка.

Тој е опремен со 1,2 инчен екран и класична механичка тастатура. Има 32MB RAM меморија и исто количество меморија за складирање податоци, во која е можно да се зачуваат до 300 контакти и 50 СМС пораки.

 

 

Батерија од 200 mAh може да трае до 3 дена ако поретко се користи. За оние кои сакаат да зборуваат долго, батеријата ќе биде доволна за 3 часа непрекинат разговор. Во прилог на USB кабелот, телефонот може да се поврзе со други уреди преку безжична технологија Bluetooth.

Loading...

T2 е „подобро опремен“ 3G уред, со поголема батерија од 500 mAh, екран во боја, задна камера, класичен приклучок за слушалки од 3.5 милиметри, FM радио и музички плеер, неколку едноставни игри и дополнителни понапредни опции.

Телефоните Zanco Tiny T1 и T2 може да се нарачаат преку Интернет, а цените на овие уреди се меѓу 40 и 50 долари.

 

 

Leave a Reply