ПОЛУФИНАЛЕ: Куманово вечерва го пречекува Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва ги очекува вториот полуфинален меч сезонава во домашниот шампионат. На домашен терен го пречекуваат составот на Работнички, со желба за реванширање по поразот кој го претрпеа во првиот натпревар во плеј-офот.

Спортската редакција на МРТВ одлучи натпреварот Куманово – Работнички повторно да не биде пренесувана во живо. Камерите на националниот сервис ќе патуваат дури во Гевгелија за да го пренесуваат мечот Блокотехна-МЗТ, иако го пренесуваа и нивниот прв натпревар.

Фановите на Работнички и Куманово немаат други избор освен да повелат во 19 часот во Спортска сала Куманово да го проследат мечот од трибините и да навиваат спортски за своите клубови. А за оние кои нема да успеат, ќе има стриминг на Јутјуб.

Loading...

Leave a Reply