Полски државјанин приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Полски државјанин рано утринава бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако било утврдено дека неговото возило било барано од Интерпол.

Loading...

– На 15.08.2022 во 01.30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е приведен Т.И.Х.(47) од Р.Полска, кој управувал патничко возило „рено трафик“, со полска национална ознака, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција било констатирано дека возилото според базата на податоци на Интерпол е предмет на потрага, затоа што е пријавено за украдено, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 15 часот?

Никола Ивановски