Половина од родителите во Британија сакаат училиштата да забран употреба на мобилни телефони

Сподели со своите пријатели

Истражувањето спроведено од една американска компанија покажува дека нешто помалку од половина од родителите во Велика Британија, 49 проценти од нив, веруваат дека училиштето во кое оди нивното дете треба да забрани употреба на мобилни телефони.

Loading...

Секој осми родител рекол дека училиштето на нивното дете веќе донело ваква забрана. Истражувањето, спроведено на примерок од повеќе од 1.000 луѓе, покажува дека просечната вредност на уредот што децата го носат на училиште е околу 300 евра.

Минатата година, тогашниот министер за култура, Мет Хенкок изјави дека се восхитува на училиштата што вовеле забрана за употреба на мобилни телефони.

Сепак, противниците на практиката тврдат дека ваквите забрани спречуваат децата да учат самодисциплина во потребата за електронски уреди, како што се паметни телефони.

Истражувајќи ја целата студентска популација во Велика Британија, истражувачите процениле дека просечната вредност на сите електронски уреди донесени од децата на училиштата во 2019 година достигна 2,5 милијарди евра.

Покрај тоа, 43 проценти од децата имаат понов телефонски модел од нивните родители, а возрасните плаќаат околу 14 милијарди евра за сметки за телефони на своите деца на годишно ниво.

Сепак, многу родители се чувствуваат посигурни кога знаат дека можат да бидат во контакт со своите деца во кое било време или да дознаат каде се, во случај да не се вратиле дома во вообичаеното време.

„Ако училиштето и образованието нè подготвуваат за живот, тогаш е важно да ги научиме децата како да користат мобилен телефон – кога е соодветно и кога не е соодветно“, рекол Пол Хауард-Џонс, професор по невронаука на Универзитетот во Бристол.

Loading...

„Децата треба да научат да се регулираат. Ако нивниот телефон е одземен на почетокот на денот, нема да им се даде можност да го сторат тоа“, вели професорот за Би-Би-Си.

Leave a Reply