Половина милион Американци починаа од Ковид, знамињата на половина копје (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

САД оддадоа почит на повеќе од 500.000 смртни случаи од ковид-19, а американскиот претседател Џо Бајден повика на единство во борбата против пандемијата и нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје до петок, поради овој трагичен биланс, пренесува Ројтерс.

Loading...

Агенцијата наведува дека со едноминутно молчење, со 500 запалени свеќи на скалите на Белата куќа, претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателот Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Елмхоф им оддадоа почит на 500.000 Американци кои починаа од коронавирус, а ѕвоната на Националната катедрала во во Вашингтон симболично заѕвонија 500 пати во чест на починатите.

 

 

Претседателот Бајден ѝ се обрати на нацијата по повод трагичниот број на жртви и повика на уште поголемо единство на нацијата во борбата против пандемијата.

 

Loading...

Според податоците на Ројтерс, Соединетите Американски Држави пријавиле повеќе од 28 милиони случаи на Ковид-19 и 500.264 смртни случаи заклучно вчера, а околу 19 проценти од сите смртни случаи поврзани со пандемијата биле пријавени во САД, загрижувачка бројка со оглед на тоа што нацијата сочинува само четири проценти на светската популација.

„Поминавме полошо од која било друга земја, а сме многу развиени и богати. Имаме 500.000 жртви. Тоа е неверојатна бројка”, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи за телевизиската мрежа АБЦ.

Leave a Reply