Полни акумулациите Глажња и Липково

Сподели со своите пријатели

Во акумулацијата „Глажња“ има над 11,5 милиони кубни метри вода, во акумулацијата “Липково” има повеќе од 900.000 кубици и овие количини, како што велат од водостопанство „Кумановско-липковско поле“ се доволни за водоснабдувањето на градот и се движат во рамките на просечното ниво за овој период од годината.

Loading...

– Претпријатието презема мерки за одржување на оптималното ниво на количините на акумулираната вода, така што се испушта вода од браната “Глажња” колку што е потребно за одржување на биолошкиот минимум и за дневно порамнување на потребните количини на акумулацијата “Липково”, изјави директорот на претпријатието, Оливер Илиевски.

“Кумановско-липковско поле# во октомври испушти одредена количина на вода со што се зголеми акумулацискиот простор на браната “Глажња” за четири метри, со што ќе се избегне прелевањето на водата од браните во пролетните месеци.

Илиевски напоменува дека се потребни инвестиции за санација на телото и круната на двете брани и реконструкција на геометриските мрежи. Изработени се елаборати и проекти, како и за помошните објекти околу браните.


Leave a Reply