Полицискиот час денеска започнува во 19 часот

Сподели со своите пријатели

Забраната за движење на населението денеска започнува во 19 часот и ќе трае до утре до 05 часот наутро, по што од 11 повторно ќе започне т.н. полициски час.

Loading...

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата.

Со одлуката се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

Денеска, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

Никола Ивановски

Leave a Reply