Полициски службеник од Куманово ја претепал сопругата до бессознание

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 20,30 часот во Куманово, во семејниот дом, В.Т. (полициски службеник) кој бил под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал, по што истата паднала во бессознание. В.Т. е лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.

Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, информираат од Министерството за внатрешни работи.