Полициски мотоцикл и автомобил се судриле во Куманово, еден повреден

Сподели со своите пријатели

Едно лице е повредени при судир на автомобил и мотоцикл во сопственост на Министерството за внатрешни работи, кој се случил во викендов во Куманово.

Loading...

– На 12.06.2021 во 12.20 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосницата од булеварот „Трета македонско ударна бригада“ и улицата „Перо Чичо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И.(31) од Куманово и мотоцикл „пјаџо“, сопственост на МВР, управуван од Ќ.Б.(24) од село Черкези, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што велат од полицијата, возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply