Полициска акција во Лојане и Ваксинце, приведени три лица

Сподели со своите пријатели

На 20.09.2020 во раните утрински часови од страна на  Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со Единицата за брзо распоредување и СВР Куманово, а по претходно издадена Наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, поради  основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

При извршен претрес во домот и помошните простории во сопственост на лицето Ќ.А.(66) во с.Ваксинце  пронајдени се 10 лица мигранти од Бангладеш, поради што се приведени Ќ.А. и Ф.А.(27) од с. Ваксинце.

Додека во с. Лојане, при претрес на домот и помошни простории во сопственост на А.А.(48) биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан, меѓу кои 4 малолетни лица. Во врска со настанот приведено е лицето З.А.(53) од с.Лојане.

Во текот на вчерашниот ден приведените лица биле изведени пред суд, а мигрантите префрлени во Прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, по чл. 418-б од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply