Полицијата во Скопје пред Нова година заплени вкупно 27 илјади петарди

Сподели со своите пријатели

Во текот на овој месец од страна на СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје, полициските станици од општа надлежност „Центар“ и „Бит пазар“, како и Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“, превземени се мерки и активности за сузбивање на недозволена трговија со експлозивни материи (петарди и други пиротехнички средства), при што се запленети вкупно 26.849 парчиња пиротехнички средства, за што согласно член 396 од КЗ на РМ, ќе бидат поднесени кривични пријави против две лица од Скопје,  а согласно Законот за заштита од експлозивни материи, член 69 став 4, поднесени се четири Барања за поведување прекршочна постапка против исто толку лица од Скопје.

Од страна на Едниницата за недозволена трговија, по претходно изработен План за преземање на мерки и активности за сузбивање на препродажба на експлозивни материи (петарди и други пиротехнички средства) реализирани се две кривични дела “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ при што се пронајдени и одземени вкупно 23.100 парчиња пиротехнички средства.

Во првиот случај кај А.И. (59) од Скопје, при извршен преглед и претрес на моторно возило на ул. „Славеј Планина“ пронајдени се и одземени вкупно 10.600 парчиња пиротехнички средства, додека во вториот случај М.М. (29) од Скопје е забележан при пренесување на пиротехнички средства во количка на ул. „Отокар Кершовани“ и по извршениот преглед, пронајдени се и одземени 12.500 парчиња различни видови на петарди и пиротехнички средства.

На подрачјето на ПС ОН Центар, регистриран е еден настан на нелегална продажба на пиротехнички средства, прекршок казнив по член 69, став 4 од Законот за заштита од експлозивни материи, за што до надлежниот Суд за прекршоци  поднесени се барања за поведување на прекршочна постапка против С.К. (20), Б.О. (20), Ф.С. (26) и еден 14 годишен малолетник, кај кои на 15-ти овој месец при направен личен пеглед на крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, пронајдени и одземени се вкупно 326 парчиња на петарди и пиротехнички средства.

На подрачјето на ПС ОН Ѓорче Петров, по преземани мерки и активности за сузбивање на нелегалната продажба на експлозивни материи, на 10-ти овој месец во продавница во с. Волково сопственост на Б.С. (46), одземени се вкупно 3423 парчиња пиротехнички средства.