Полицијата во САД успеала да идентификува жена која била убиена со чекан и запалена во 1991 година

Сподели со своите пријатели

Американската полиција соопшти дека успеала да идентификува жена која била претепана со чекан, задавена и запалена во 1991 година.

Loading...

Тие тврдат дека жртва на убиството е 30-годишната Кристин Белуско од градот Клифтон во државата Њу Џерси.

Окружниот обвинител на Стејтен Ајленд, Мајкл МекМахон, потврди дека неговата канцеларија, во соработка со полицискиот оддел на Њујорк и Федералното биро за истраги (ФБИ), користела современи форензички техники за да го идентификува телото.

Но, полицијата сепак не успеала да ја пронајде нејзината ќерка Криста Никола, која во моментот на смртта на нејзината мајка имала две години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

„Веќе го известивме семејството за нејзината смрт и продолжуваме да вложуваме максимални напори за да ја лоцираме Криста Никол и да ја информираме која е нејзината мајка и што е направено за да се донесе правдата“, рече Мекмахон.

 

 

Loading...

Полицијата не го фати убиецот

„Никогаш не можеме да ја вратиме, но сакаме Криста Никол да знае, како и нејзиното семејство, дека таа никогаш не е заборавена“, продолжи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

На 20 септември 1991 година, случаен минувач го пронашол изгореното тело на жртвата со лисици на рацете на Стејтен Ајленд.

Полицијата имала многу малку информации за тоа која е жртвата освен карактеристична тетоважа со скорпија на нејзината задна страна, пишува Sky News.

Белуско била удирана 17 пати по задниот дел од главата со чекан, кој бил пронајден под нејзиното тело и на него пишувало името „Лојд Л“.

На местото на злосторството биле пронајдени и два златни синџири, рачен часовник, пари и кутија цигари.

Сепак, полицијата сѐ уште не успеала да го фати убиецот.