Полицијата сопре возило со 21 мигрант блиску до село Удово

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, поточно во 22.30 часот на автопатот од с. Удово за Демир Капија, во близина на објектот на Македонија пат – с. Удово, од страна на полициски службеници поради контрола било сопрено патничко возило „крајслер војаџер”, при што возачот се дал во бегство, а во возилото се затекнати 21 илегални мигранти.

Истите се приведени во ПС за ГП и ГН Богородица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.