Полицијата растури забава во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку малолетни и полнолетни лица викендов се забавувале во семеен дом во центарот на Куманово, при што не ги почитувале мерките за заштита од вирусот, па морала да интервенира и полицијата.

Loading...

– На 27.03.2021 во 20.48 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во семејна куќа на улица „Народна револуција“ во  Куманово,  сопственост на Е.Т.(37), при што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на ковид-19, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во куќата, како што појаснуваат од полицијата, била организирана забава и освен нејзините три ќерки, биле затекнати уште 10 полнолетни и 11 малолетни лица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски

Leave a Reply