Полицијата пронајде 180 стебла канабис

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје како и полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Блаце“ вчера во атарот на селото Блаце кај место викано „Вражји вир“ пронашле 180 стебла од канабис, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што стои во соопштението на полицијата, освенс теблата канабис, пронајдена била и опрема за одгледување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Leave a Reply