Полицијата приведе 15 мигранти во напуштена куќа во Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 15 економски мигранти во текот на вчерашниот ден биле привдени од страна на полцијата во селото Ваксинце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено вчера околу 10:15 часот во Полициската станица во Матејче, жител од селото Ваксинце пријавил дека во напуштена куќа во селото забележал мигранти.

Од страна на полициски службеници во напуштените простории од посочената напуштена куќа пронајдени биле 15 лица мигранти од кои 13 државјани на Иран и две лица државјани на Република Еритреја.

Од страна на службениците на МВР се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.