Полицијата ја пронајде исчезнатата Соња Спасиќ

Сподели со своите пријатели

Штотуку е пронајдена исчезнатата 33-годишна кумановка Соња Спасиќ од Ново Село, по која денеска активно се трагаше од страна на полициските службеници, информираше нејзината сестра.

Имено истата вчера беше пријавена за исчезната во Секторот за внатрешни работи – Куманово, по што беа преземени мерки за нејзино пронаоѓање.

Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи се очекуваат во текот на утрешниот ден.