Полицајка пливајќи во Вардар успеа да приведе крадец

Сподели со своите пријатели

Во Полициската станица Центар од полициска службеничка од СВР Скопје на Кеј Димитар Влахов, под мостот ,,Око’’, вчера во 12.45 часот во бил приведен Б.Ш.(44) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба на дрзок начин’’.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 05.07.2019г. во близина на Соборниот Храм во Скопје Б.Ш. извршил дрска кражба и почнал да бега.

При бегството во близина на Влада на РСМ на кејот на река Врадар бил забележан од полициската службеничка, но Б.Ш. скокнал во реката по што со цел да не избега по него во реката скокнала и полициската службеничка која пливајќи успеала да го стигне и приведе на другата страна од реката во близина на зградата на Основното јавно обвинителство.

Leave a Reply