Полицајците мислеле дека бркаат крадец, а потоа се случил несекојдневен пресврт (видео)

Сподели со своите пријатели

Почетокот на оваа полициска снимка од Вилниус не покажува дека се случува нешто невообичаено, пишува Индекс.

Loading...

По неколку секунди автомобилот кој го брка полицијата застанува, а од него излегуваат двајца крупни мажи. По нивното излегување се претпоставува дека ќе има караница помеѓу нив двајца и полицијата, но во тој момент од автомобилот излегува мајка со детето кое и лежи на рацете без свест.

Таа се приближува со детето до полицајскиот автомобил, а полицајците реагираат брзо, така што ја сместуваат неа и нејзиното дете во нивниот автомобил и со полна брзина и вклучена сирена одат до најблиската болница.

Оваа снимка на своите страници ја објави полицијата, која открила дека детето се освестило во нивниот автомобил пред пристигнување во болницата, и моментално добро закрепнува.

Литванските медиуми се заблагодаруваат на локалната полиција која докажа дека добро реагира во кризни ситуации.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *