Полицаец тешко повреди седумгодишно дете во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Утринава во 09.50 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, над градската џамија, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, управувано од П.С. (44), вработен во МВР и седумгодишно момче.

По незгодата детето било пренесено во болницата во Куманово од каде, по извршен лекарски преглед, му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од СВР Куманово.

Во врска со настанот, Јавен обвинител и СВР Куманово презема мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот. Исто така, за настанот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Leave a Reply