Полицаец се казнил самиот себе си поради прекршок

Сподели со своите пријатели

Полицаец од Дубаи си изрекол самиот себе си парична казна откако направил сообраќаен прекршок. Тој по судирот оставил порака на автомобилот кој му припаѓал на египетски лекар. Несреќата се случила на 22 март оваа година.

Гестот на овој полицаец го воодушевил лекарот, кој преку социјалните мрежи му изразил благодарност. Тој исто така поставил на интернет фотографии од местото на несреќата и од пораката на полицаецот, кои се проширија со брзина на светлината.

Полицијата на Дубаи го наградила Абдулах Мохамед за неговата чесност и го унапредила по наредба на генерал-мајор Абдулах Ал Мери.