Пол Макартни, Џеј Зи, Мадона и Дре најбогати и покрај пандемијата

Сподели со своите пријатели

Иако периодот на пандемијата многу музичари ги чинеше многу, за што сведочат откажаните концерти, некои од нив заработија од кризата поради коронавирусот.

Loading...

„Ceworld Magazine“ направи листа на најбогати музичари во 2021 година.

Порталот пренесува дека овие пет музички имиња ја држат листата на најбогати, односно оние кои не беа соборени од пандемијата.

Со нето богатство од приближно 1,28 милијарди долари, Пол Макартни е најбогатиот музичар во светот, а по него е британскиот композитор на мјузиклот Ендрју Лојд Вебер со 1,2 милијарди долари.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Paul McCartney (@paulmccartney)

 

Следен е Џеј Зи, со милијарда долари, кој е прогласен за највлијателен хип-хоп изведувач во историјата на музиката. Тој има 75 милиони синглови ширум светот и има освоено многу награди, вклучително и Греми, дури 22 пати.

Loading...

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

 

Следен на листата е Херб Алперт – 850 милиони долари, кој бил најпознатиот американски џез трубач. Тој доби доживотна награда Греми во 2007 година.

Шон Комбс – Диди е петти најбогат музичар во светот, со богатство од 825 милиони долари.

Др. Дре го зазеде шестото место со богатство од 800 милиони долари, а зад него е Мадона со 580 милиони долари.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Loading...

 

Осмото место на листата го држи кубанскиот музичар и продуцент Емилио Естефан со 500 милиони долари, а по него е легендарниот Елтон Џон кој своето богатство од 480 милиони долари со задоволство го дава за хуманитарни цели.

Тој ја потсети публиката на својата слава со биографскиот филм „Rocket Man“, во кој обожавателите можеа да го запознаат тешкиот, но и луксузен живот на Елтон Џон, кого во филмот го игра Тарон Егертон.

На десеттото место е рок групата Колдплеј со 475 милиони долари.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)