Поголемиот дел европски лидери се правници, но премиерот на Шведска е апсолутен шампион!

Сподели со своите пријатели

Неодамна на „Redit“ се појави мапа на која јасно може да се види какви дипломи имаат премиерите на европските земји. Она што на прв поглед привлекува внимание е фактот дека има доста правници, но и дека некои европски лидери завршиле факултети кои не се поврзано со работата која ја имаат.

Премиерите на Русија, Шпанија, Португалија и Исланд завршиле право. Во таа група се и премиерите на балканските земји: Словенија, Хрватска и Црна Гора. Миро Церар, Андреј Пленковиќ и Душко Марковиќ студирале правни науки.

 

Loading...

 

Србија отскокнува од шаблонот, затоа што Ана Брнабиќ е магистар по маркетинг. Лидерите на Грција и Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим се инжинери, а во таа група спаѓа и лидерот на Финска.

 

 

Премиерот на Македонија, Зоран Заев е економист, исто како и неговиот претходник Никола Груевски.

 

Loading...

 

Премиерот на Албанија, Еди Рама завршил факултет за уметност, затоа што сакал да стане сликар, германската канцеларка Ангела Меркел студирала физика.

 

 

Но, посебно внимание во сето ова привлекува премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, за кој стои дека нема диплома.

 

 

Лофвен работел како заварувач кој станал лидер на синдикат. Кога започнал да се занимава со политика, станал лидер на владејачките социјалдемократи. Ги напуштил студиите за социјален труд по година и половина.