Погледнете ја ерупцијата на еден од најголемите активни вулкани во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вулкан од кратерот Накадаке во провинцијата Кумамото исфрли пепел до висина од околу 3.500 метри. Пепелта се проширила во радиус од еден километар, а на локалното население им било препорачано да не се приближуваат до планината Асо

Loading...

Планината Асо е еден од најголемите активни вулкани во светот.

По ерупцијата, метеоролошката агенција го подигнала нивото на тревога за вулканска ерупција на три на скала од пет, а на локалното население им било препорачано да не се приближуваат до планината Асо.

Јапонската влада соопштила дека нема извештаи за жртви.Минатиот четврток на планината е забележана мала ерупција.

 

https://www.youtube.com/watch?v=5rZVQnDkw-8