Подводни ресторани, ужување за љубителите на возбудувањето

Сподели со своите пријатели

Преубав поглед на море, идеално место од кое се гледа заоѓањето на сонцето, планински врвови од кои застанува здивот, се само дел од адутите кои ги имаат рестораните на гласто. Меѓутоа, се повеќе сопственици и љубители на доброто јадење кои од рестораните бараат повеќе возбуда поради што сега може да се резервира маса со поглед на ајкули кои пливаат многу близу.

Loading...

Во ресторанот „Sharks Underwater Grill“ во рамките на „Водениот свет“ во Орландо, гостите јадат додека ајкулите пливаат близу нив.

На Палма, вештачки остров во Дубаи се наоѓа ресторанот „Ossiano“ чии гости имаат поглед на 65.000 водени животни.

„Cargo Hold“ е ресторан кој се наоѓа на брод, т.е. во неговата палуба. Некои туристи во Јужна Африка доаѓаат исклучително за да го видат животот под површината на океанот и тоа за време на вкусен оброк.

Loading...

Во САД постојат дури четири објекти на ланецот „Аквариум ресторани“. Нема потреба особено да се нагласува дека оние кои се одлучуваат да јадат во нив имаат можност да видат стотици риби од сите краишта на светот.

Малдивскиот остров Рангали има ресторан за кој туристите особено се интересираат. „Ithaa“ може да се пофали со панорамски поглед од 180 степени на „морски живот“.

Loading...

На Малдиви конкуренцијата е голема, но и условите се одлични за подводни ресторани. „Hurawalhi“ има само 10 маси, но посетителите целосно се опркужени со воден свет.

Leave a Reply