Подолг полициски час и целосно или делумно затворање на угостителите

Сподели со своите пријатели

Целосно или делумно да се затворат дел од угостителските објекти, а полицискиот час наместо од 22 часот, да започнува два часа порано, односно во 20 часот.

Loading...

Ова се дел од новите рестриктивни мерки за кои се разговарало на Главниот координативен кризен штаб и ќе се предложат до Владата, пишуваат дел од националните медиуми.

На две недели, според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од националните медиуми, ќе има и затворање на угостителските објекти или кратење на нивното работно време.

Седницата е закажана за во 13 часот, а во 14 се очекува повеќе детали надлежните да соопштат на прес конференција.

Никола Ивановски

Leave a Reply