Подобро памтиме ако слушаме со десното уво

Сподели со своите пријатели

Слушањето и памтењето на она што некој го рекол може да биде полесно доколку се послужите со едноставен трик – слушајте со десното уво, тврдат американските научници, а пишува „Дејли мејл“.

Тие тврдат дека тоа е подобро, затоа што значи дека информациите директно одат до левата страна од мозокот. Токму оваа страна од мозокот е потребна за говорот, а помага и во контролирањето на дел од меморијата, објаснуваат експертите.

Го чешало увото, а потоа од него извадиле 25 бубашваби (видео)

Loading...

Од друга страна, ако слушате исклучиво со левото уво, тоа може да испрати зборови на „погрешна локација“ и информациите да бидат преместени во другиот дел од мозокот.

Во истражувањето на Универзитетот Аубурн во Алабама, тестирани се 41 лице и тие кои слушале на десното уво минале подобро на тестовите за паметење.

– Во почетокот при решавањето на тестовите за меморија, оние кои информациите ги примаа на денсото уво исто минуваа како и оние кои ги слушаа на левото, но тестот стана незгоден, кога за 40% подобро минаа оние кои информациите ги добиваа преку десното уво, рекла Аурор Вивер од истржаувачкиот тим.

Ова се најстрашните болести во светот (фото) (18+)

– Истражувањата покажаа дека дури 97 отсто од луѓето полесно свртуваат десна страна кога разговараат со некој, а им пречи бучавата во позадин, вели професроката по когнитивни науки од Универзитот во лондон, Софи Скот.

Оваа истражување е направено со помош на една италијанска студија од 2009 година со која е утврдено дека поверојтано е луѓето да извршат одредени задачи доколку тоа им е соопштено на десното уво.