Поднесени кривични пријави за Холанѓанец и тројца Албанци

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ф. (45) од Холандија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 17.05.2016 година, на граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници од мобилната гранична полиција, при контрола на товарно моторно возило „Фолксваген Транспортер“ управувано од пријавениот, утврдено е дека со механичка обработка е фалсификувана шасијата.

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Џ.Д. (46), М.Р. (23) и О.С. (24), сите од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, се наведува во дневниот билтен на МВР.

Имено истите на 15.05.2016 година, на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола од страна на полициски службеници, пријавените приложиле фалсификувани албански патни исправи.