Подгответе се за температурен шок и врнежлива недела

Сподели со своите пријатели

Денес попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика вот екот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време кое ќе донесе врнежи од дожд и појава на грмотевици, при што на порталот accuweather е издадено и жолто предупредување за грмотевици. Во текот на денот ќе имаме врнежливо време со температури до 29 степени, но во текот на вечерните часови истата ќе се намали на 14 степени целизусови, кога и се очекуваат интензивни електрични празнења. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Потоа, во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. На повеќе места врнежите ќе бидат изобилни. Температурата на воздухот во вторник ќе биде за 10 тина степени пониски во споредба со денешната, а од четврток ќе има постепен пораст.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.