Под мотото „Детето е дете насекаде во светот“ ООУ „Вук Караџиќ“ го прослави патронот

Сподели со своите пријатели

Под мотото „Детето е дете насекаде во светот“ вчера се одбележа патрониот празник на Општинското основно училиште „Вук Караџиќ “ и воедно 71 години од постоењето на училиштето.

Со скромна приредба пред родителите и наставниците, учениците од ООУ „Вук Караџиќ “ ги покажаа своите вештини во рецитали, песни, ора и глума, ставајќи акцент пред сѐ на детските права и обврски и еднаквоста на децата во целиот свет.

Директорката, Надица Петровска, најпрвин одржа поздравен говор во кој меѓу другото ги истакна сите ученици и ментори кои оваа учебна година, го претставуваа училиштето на општински, регионални и државни натпревари и коишто освоија високи награди, со што достојно го претставија училиштето во локалната средина.

Чест и задоволство е тоа што учениците од ова улилиште со намален број на ученици, сепак освојуваат награди и постигнуваат успеси – рече Петровска.

Приредбата изобилуваше со точки од мултиетнички и меѓукултурен карактер, а веќе традиционално со заедничка точка настапија заедно со учениците од соседното училиште „Наим Фрашери“.

На присутните гости на на влезот им беше подарено по 1 примерок од електронското издание на училишното списание „Вуков цвет- 2016г“.