Под изговор дека спроведува верски ритуал, свештеник 5 години силувал млада девојка

Сподели со своите пријатели

Самопрогласен светец кој се обидел да силува жена бил довезен во болница во еден индиски град со тешки повреди на меѓуножјето откако жената му го отсеклапенисот.

Хари Свами (54) наречен Грангананда Тиртапата, жител на Колама, рекол во полицијата дека самиот си ги исекол гениталиите за да се спаси од своите гревови.

„Сопругот ме претепа на венчавката, а вечерта ме силуваше“ – сето тоа поради едно нешто

Loading...

Полицијата веднаш се посомневала дека можеби не ја кажува вистината па била отворена истрага која ги довела до 22-годишна девојка која потврдила и инсистирала на тоа дека што го направила бил последен обид да го сочува своето достоинство затоа што свештеникот сексуално ја искористувал цели пет години, под изговор дека спроведува верски ритуал.

Девојката во својата жалба навела дека Хари неа и нејзиното семејство ги посетувал во својство на свештеник неколку години и дека секој пат притоа и сексуално ја злоставувал.

60 педофили силувале 13-годишно девојче, ја убедиле дека тоа е нормално

Во петок навечер, кога Хари повторно отишол кај неа да го спроведе верскиот ритуал таа сокрила нож под перницата и му ги исекла гениталиите.

Семејството на несреќната девојка, свештеникот веднаш го однело во болница па тој веќе не е во животна опасност, а лекарите и натаму се борат повторно да му го сошијат отсечениот пенис.

Му влегле во домот со план за кражба, а тој ги силувал пет дена (фото)

Полицијата ќе го обвини за неколку дела поврзани со сексуално злоставување, а и против несреќната девојка ќе биде поднесена пријава, со тоа што таа наведува дека своите дела ги извршила во самоодбрана. Исто така, нејзината мајка, која цело време знаела што и приредува свештеникот на нејзината ќерка и која тоа го дозволувала, ќе биде приведена.

Панмана Аршам во Колам, каде Хари живеел како свштеник, се откажал од него.