Под Атлантикот поставен кабел низ кој ќе минуваат 160 терабити во секунда

Сподели со своите пријатели

Мареа, подморски кабел кој ги поврзува Северна Америка и Европа конечно е поставен на дното на Атлантскиот океан.

Долг е 6.600 километри, а најдлабоката точка на која лежи изнесува нешто повеќе од пет километри под површината. Кабелот се протега од Вирџинија Бич во американската сојузна држава Вирџинија, па се до Билбао во Шпанија.

Како функционира интернетот? (видео)

Loading...

Кабелот ќе овозможи проширување на „cloud“ капацитети поради големиот пораст на побаруваката, а податоците ќе се пренесуваат со брзина од 160 терабити во секунда.

Маера е резултат на соработка помеѓу компаниите „Мајкрософт“ „Фејсбук“ и „Телксиус“.

Подморските кабли се користат за комуникација помеѓу екстремно одалечени точки, како што се Европа и Америка, уште од изумот на телеграфот.

Интернет зад интернетот: За 5.000 долари можете да нарачате убиство, детска порнографија….

Моментално под светските океани има десетици различни комуникациски кабли, вклучително и оптички кабли за интернет.