Почнува замена на старите водомери во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Водовод“ започна со замена на старите и поставување на нови електронски водомери.

 

Loading...

 

Замената на водомерите се реализира во рамки на проектот „Проект за замена и инсталација на куќни, комбинирани, индустриски и ултразвучни водомери и нивна интеграција во систем за далечинско отчитување во системот за водоснабдување на Општина Куманово“.

 

 

Како што истакна директорот на „Водовод“ Горан Стојковски на денешната прес конференција, старите водомери доведуваат до загуби на вода и погрешно читање и фактурирање што предизвикува незадоволство кај граѓаните, но и неточни податоци за потрошувачката во самото претпријатие.

 

Loading...

 

Кај старите водомери, како што посочи директорот Стојковски постојат административни и технички загуби кои со новите ќе бидат надминати.

– Административни загуби се око0лу 35 отсто, а технички загуби кои се од дефекти и дотраеност на водоводна мрежа и неточна мерна техника се околу 15 отсто. На самите водомери според сите наши анализи, на републичко и европско ниво, самите водомери покажуваат неточност доколку се постари од 15 години до 15 отсто. Поради тоа преземаме чекори, првично ќе формираме реални и виртуелни водоводни зони, тоа се хомогени, територијално оделени зони со исти хидраулични карактеристики кои ќе бидат секторирани. Ќе се постават преносни ултразвучни водомери, кои заедно со софтвер ќе можат да ни овозможат менаџирање на самиот процес за да видиме колку вода во кој дел на град дистрибуираме и колку фактурираме, па да видиме дали ќе има дефекти и ќе ни дава можност да правиме дневни, месечни и годишни анализи за проток на вода и што да биде преземено за намалување на овие загуби, изјави Стојковски.

На секои осум секунди водомерите кои имаат батерија од 15 години ќе даваат сигнал за секаков проблем, но и прокот на вода. Истите даваат 100 отсто точно отчитување на потрошената вода, а граѓаните, според Стојковски ќе имаат бенефит, затоа што во една минута ќе се читаат над 200 водомери со што нема да се нарушува приватниот простор на граѓанинот, а читање ќе биде побрзо.

 

 

Со првата фаза од проектот набавени се над 10.000 водомери, иако градот има 28.000. Во втората фаза како што најавија денеска надлежните ќе се набават уште 18.000 со што целосно ќе се заменат водомерите во градот.

– Граѓаните немаат никаков трошок во овој процес. Општина Куманово има околу 28.000 водомери, според наша евиденција, ова е првичен дел од 10.000, а сега подготвуваме документација и ќе аплицираме за уште 18.000 вакви водомери за да во наредниот период биде покриена цела Општина Куманово. Проектот е во тек, приоритетни се сите правни лица кои се наши најредовни плаќачи, ќе бидат опфатени зони каде имаме згради и зони со најстара водоводна мрежа затоа што таму имаме најголеми губитоци, додава Стојковски.

По четири години е одблокиран овој проект од страна на Министерството за транспорт и врски, бидејќи иако средствата беа одобрени од Европската инвестициска банка, сепак не не можеа да се користат без одобрение на ресорното министерство.

– Ќе ги следиме модерните токови и ќе создаваме база за правилно мерење и читање на искористената вода во нашата општина и на тој начин ќе дојдеме до состојба за создавање на одредени заштеди и можност за поставување дополнителни системи кои ќе овозможат дополнителна контрола на загуби на вода на системите кои датираат од 60те години и загубите кои јавното претпријатие по основ на дефекти и постоечки дефекти недетектирани ги има во самата водоводна мрежа, истакна Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

За проектот од Европската инвестициска банка комуналното претпријатие доби 1.650.000 евра, а изведувач е компанијата „Техноскоп“ од Скопје.

Leave a Reply