Почнува светиот месец за муслиманските верници – РАМАЗАН

Сподели со своите пријатели

За муслиманските верници, од денес почнува првиот ден од Рамазанските пости, во пресрет на исламскиот празник Рамазан кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар.

Loading...

Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.

Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Во дел од арапските држави постот е само во првите неколку дена од Рамазан.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.