Почнува македонското кошаркарско првенство

Сподели со своите пријатели

По речиси едномесечно одлагање, за денес е закажан стартот на македонската кошаркарска Прва лига.

Loading...

Коронавирусот беше причина за поместувањето на почетокот кој првично беше закажан за 3 октомври. Но, пандемијата уште на стартот одложи два меча. Средбата во Гевгелија меѓу Кожув и Пелистер нема да се одигра поради позитивни на вирусот во таборот на битолчани, додека Вардар и Црн Дрим немаа да играат по позитивен тест на играч кај вардарци.

Другите две предвидени средби за денес се:
Академија ФМП – Гостивар
ТФТ – Куманово.
Двата натпревара ќе се играат во Скопје со почеток во 18 часот.

Два дуела се закажани за утре:
МЗТ Скопје Унибанка – Еуро Никел (почеток 16 часот)
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 18 часот).

Зоран Стерјовски

Leave a Reply